Бугарија ја проширува бодликавата жица на границата со Турција
Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Светослав Лазаров изјави дека Бугарија ја разгледува можноста да ја прошири оградата за уште 130 километри долж 240 километри долгата југоисточна граница со Турција, пишуваат српски медиуми.
Лазаров рекол дека со тоа би се направила заштеда од 1,36 милиони долари месечно, со огчед на тоа дека средствата не би ги трошела за полициско надгледување на таа област.
„Нашата земја има доволно гранични премини и тие кои сакаат да дојдат како бегалци можат тука да поминат“ им рекол Лазаров на новинарите.
Повеќе од 10.000 бегалци, повеќето од Срија, влегле минтата година илегално од Турција во Бугарија. Во обид да го спречат тоа, бугарксите власти преместиле повеќе од 1000 полицајци, пренесува Ројтерс.
