Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија ја поздрави препораката од ЕУ за Македонија

Бугарија ја поздрави препораката од ЕУ за Македонија

Бугарија како актуелен претседавач со ЕУ ја поздрави безусловната препорака за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата.

– Особено сме задоволни од препораките на ЕК да почнат преговорите за пристапување на Македонија и на Албанија во ЕУ. Премиерот Бојко Борисов, Владата и дипломатската служба на Бугарија, работеа на тоа во изминатите месеци, се вели во соопштението од бугарското МНР. Задоволни сме и од значењето што им се дава на добрососедските односи и од високата оценка за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија, се наведува во соопштението од бугарското МНР.



Слично

Поврзани вести