Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија ја надмина Франција по производство на велосипеди

Бугарија ја надмина Франција по производство на велосипеди

Соседна Бугарија ја надмина Франција по производството на велосипеди.

Бугарските велосипеди се извезуваат за Германија, Холандија, Франција, Италија.

Ова го соопшти Драгомир Кузов, претседател и сопственик на фирмата „Веломаниа". Според Кузов произведените во Бугарија велосипеди во 2014 година се 950.000, а иако официјалната статистика за 2014 и 2015 година уште не е објавена, податоците ќе бидат малку поголеми, како и за 2016 година.

„Просечната цена на велосипед во Холандија е околу 900 евра, во Германија - малку под 600 евра, а во Бугарија - 119 евра“ - вели Кузов.

Бугарија е на четврто место по производство на велосипеди во Европа.

Најголемата потрошувачка на велосипеди е во Франција. Таму годишно се продаваат околу 3 милиони, во Холандија - 2.300.000 велосипеди. Слична е состојбата и во Германија. Во Бугарија се продаваат околу 80.000 велосипеди.

Слично

Поврзани вести