Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРИЈА ИМА СВОИ УСЛОВИ: Нема да прават компромис на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ

БУГАРИЈА ИМА СВОИ УСЛОВИ: Нема да прават компромис на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ

Националниот интерес на Бугарија е Република Македонија да биде стабилен и безбеден сосед , а оваа држава ќе биде таква кога ќе стане членка на НАТО и ЕУ. Ова е пораката на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

Таа рекла дека „Бугарија нема да прави компромиси со условите кои треба да се почитуваат и исполнат за да се стане дел од преговарачкиот процес со Европската унија“, пренесоа медиумите од Бугарија.

-Еден од условите во пристапните преговори е да постојат добрососедски односи, да не се води изолационистичка и националистичка политика, да не се краде историјата на соседите и да не се негира заедничкото минато. Бугарија многу јасно ќе ги постави овие услови- додала бугарската министерка за надворешни работи.


Фото:  European Council DS

Слично

Поврзани вести