Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија и уште седум земји ќе внесуваат повеќе пари во буџетот на ЕУ

Бугарија и уште седум земји ќе внесуваат повеќе пари во буџетот на ЕУ

Осум земји, вклучувајќи ја и Бугарија, ќе го зголемат својот придонес во буџетот на Европската унија откако Велика Британија ќе го напушти блокот.

Министри и официјални лица од Бугарија, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Словенија, Хрватска и Романија се состанаа во Будимпешта со комесарот за буџет Гинтер Јотингер, за да разговараат за редица прашања, вклучително и за планот за следниот буџет на блокот. Тие се согласија да го зголемат плаќањето како дел од бруто националниот доход. Придонесот ќе се зголеми на 1,1% од БДП, објави Ројтерс.

Најголемиот извор на приходи во европскиот буџет е унифицирана процентна стапка од бруто националниот доход (БНД) на секоја страна. Поранешните комунистички земји се главно нето примачи на средства од ЕУ и стравуваат дека евентуален недостиг во буџетот на блокот ќе ги намали средствата за нив.

Минатиот месец стана јасно дека следниот буџет на ЕУ треба да се зголеми од околу 1% од економското производство на ЕУ до над 1,1%, за да се компензираат средствата, кои Унијата веќе нема да ги добива од Велика Британија.

Заминувањето на Велика Британија во март следната година ќе го лиши Брисел од 12 милијарди евра во својот годишен буџет, кој во моментов изнесува околу 140 милијарди евра.

Слично

Поврзани вести