Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија и Србија ќе отворат заеднички граничен премин

Бугарија и Србија ќе отворат заеднички граничен премин

Владата на Бугарија го одобри Нацрт-договорот помеѓу владите на Бугарија и Србија за отворање заеднички граничен премин „Калотина 2 – Градина 2“.

Новиот граничен премин ќе биде изграден во близина на постоечкиот премин „Калотина – Градина“ на бугарско-српската граница и е наменет за преминување на лица и патнички возила меѓу двете земји, пренесува „BNR njuz“.

Предвидено е преминот да има сезонски карактер.

Истиот ден, бугарската влада го одобри и Нацрт-договорот помеѓу владите на Бугарија и Турција за решавање прашања во врска со граничните премини и за отворање на нов премин „Капитан Андреево – Капикуле – Север“.

Новиот бугарско-турски граничен премин ќе биде изграден во близина на селото Капитан Андреево, во општина Свиленград, на територија на Бугарија, и селото Капикуле во провинцијата Једрене, од турската страна, северно од постоечкиот граничен премин помеѓу двете земји. 

Слично

Поврзани вести