Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија и предлага на Русија алтернатива за Јужен тек?

Бугарија и предлага на Русија алтернатива за Јужен тек?

Бугарската владина делегација сака во најскоро време да се сретне со Александар Новак, шефот на Министерството за енергетика. Темата на преговорите ќе биде иднината на проектот Јужен тек. Се очекува сребата да се одржи на 19 декември , утре.

Бугарската страна како што пренесува РИА Новости, сака да добие официјална потврда дека проектот е запрен. Ако тоа се случи, на Русите ќе им биде предложена алтернативна варијанта на развој.

Според зборвите на шефот на бугарската вчада Бојко Борисов, Бугарија би можела да и предложи на руската страна продолжување на изградба на морскиот дел од гасоводот т.е поставување на станица за дистрибуирање на плин од европски размери на своја територија. Европската комисија веќе е информирана за оваа варијанта на предлогот.

Бугарската влада потцртала дека државата никогаш не била против изградба на гасовод, но инсистирала неговата реализација да се одвива по европски правила.

Слично

Поврзани вести