Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија и ОАЕ направија размена на донации - храна за медицинска опрема

Бугарија и ОАЕ направија размена на донации - храна за медицинска опрема

Бугарија и Обединетите Арапски Емирати ќе направат размена на донации од страна на бизнис-елитата од двете земји, објави 24 Часа.

Од Бугарија за Абу Даби синоќа полетаа два карго-авиони со 32 тони храна. Станува збор за зеленчук, месо и млечни производи.

Во замена емиратите за Бугарија осигуруваат 15 тони медицинска опрема - заштитни скафандери, дезинфекциски средства, маски и ракавици.

Размената ја организира бугарското министерство за земјоделие како резултат на меѓусебните контакти на бугарскиот премиер Бојко Борисов и престолонаследникот на Абу Даби, Мохамед бин Зајед.

Слично

Поврзани вести