Бугарија ја блокираше сметката на руската амбасада
Бугарија блокираше 890 илјади долари трансфер до руската амбасада во Софија. Ова го потврди вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев, откако претходно денеска заменик-шефот на „Има таков народ“ Тошко Јорданов објави дека Министерството за финансии ги замрзнало сметките на руската амбасада.
Замрзнување нема, но има блокиран трансфер од 890.000 долари, рече Асен Василев. Парите се стопирани поради европските санкции. Русите тврдат дека сумата е наменета за плати на вработени во руската амбасада во Софија.
- Поради оваа причина, бугарската влада побара од Европската комисија дали овој трансфер може да се отстрани од санкциите. Доколку се добие позитивно мислење од ЕК, веднаш ќе се деблокираат парите, рече Василев.
Бугарија оретходно протера 70 руски дипломати.
