Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија годинава со помал економски раст од планираниот?!

Бугарија годинава со помал економски раст од планираниот?!

Миинистерот за финансии во привремената влада во Бугарија, Калин Христов ја намали прогнозата за раст на бугарската економијата за 2013 година. Според него, наместо оваа година растот нема да ги достигне претходно утврдените 1,9%.

„Просечната прогноза за раст на меѓународните и бугарски финансиски институции е меѓу еден и 1,5 отсто во 2013 година,“ изјави Христов.

Според министерот, прогнози се непрецизни и се базираат врз очекувања за дополнително опоравување на еврозоната која е клучен трговски партнер на Бугарија.

Лани земјата забележа раст од само 0,8 проценти.
Слично

Поврзани вести