Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија го замрзна Јужен тек

Бугарија го замрзна Јужен тек

Проектот за изградба на гасоводот „Јужен тек“ во Бугарија ќе биде замрзнат до одлуката на Европската комисија за тоа дали тој проект е во согласност со законите на ЕУ, рече бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.

Тој рекол дека ја поддржува изградбата на гасоводот „Јужен тек“ кон европските земји, но дека тој проект во Бугарија останува замрзнат се до одлуката на Европската комисија, пренесува Танјуг.

Плевнелиев неодамна го распушти парламентот и именуваше преодна влада, а бугарскиот професор по право и поранешен социјалистички пратеник Гееорги Близнакиешки го именуваше за премиер на Бугарија.

Слично

Поврзани вести