Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија го пролонгира пописот

Бугарија го пролонгира пописот

Бугарија одлучи да го продолжи рокот на попишувачите за една недела. Ова значи дека тие ќе можат да ги посетуваат домаќинствата, зградите и домовите до 10. октомври.

Продолжувањето на периодот за попис на населението ќе им обезбеди неопходно време на попишувачите да ги завршат своите активности и да ги соберат сите потребни информации. 

Националниот институт за статистика на Бугарија објави дека рокот за попис преку Интернет истекува до 30 септември на полноќ. Дотогаш граѓаните на Бугарија ќе можат да се попишат преку информативниот систем „Попис 2021“. Досега, 2.216.254 луѓе се пребројани преку Интернет, распоредени во 973.811 домаќинства. Преку физичките попишувачи попишани се 1.954.116 луѓе, а вкупниот број луѓе во Бугарија веќе е над четири милиони луѓе.

Слично

Поврзани вести