Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија го налути Брисел со изградбата на Јужен тек

Бугарија го налути Брисел со изградбата на Јужен тек
Со изградбата на гасоводот Јужен тек, Бугарија ги крши правилата на Европската унија, па Европската комисија ќе донесе мерки за да го спречи тоа, најави синоќа претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Тој не прецизира точно за какви мерки станува збор, но потврди дека побарал од бугарскиот премиер Пламен Орешарски да ги почитува правилата за внатрешниот пазар на ЕУ. „Не само затоа што ЕК е чувар на одредбите на Договорите во ЕУ, туку и затоа што се доведува во опасност енергетската безбедност на Бугарија и ЕУ, кога тие прописи не се почитуваат“, изјави Баросо. Тој нагласил дека Европската комисија е запознаена со состојбата и со месеци ги следи разговорите на европскиот комесар за енергетика Гинтер Оетингер и бугарскиот министер за енергетика. ПУТИН: РУСКИТЕ ГАСОВОДИ МОЖАТ И ДА ЈА ЗАОБИКОЛАТ ЕУ
Слично

Поврзани вести