Бугарија ги повлече рибарите: Можно е да има пловечки мини во Црно Море
Извршна агенција за Рибарство и аквакултура (НАФА) во Варна ги советува рибарите да ги избегнуваат своите активности додека се разјасни ситуацијата со поморските мини кои слободно пловат низ Црно Море.
Тие беа поставени на плажата во Одеса, но биле однесени од невреме и сега се распространети низ Црното Море.
Синожа прес-центарот на Советот на министри на Бугарија ги идентификува како можна закана за пловечките објекти и бугарската влада додаде дека ги превзема сите неопходни мерки. ТМожната опасност ќе биде надгледувана од поморските гранични служби, како и курсевите на сите пловни објекти во водите на Црно Море.
Денес НАФА соопшти дека го следи развојот на ситуацијата.
„Ги известивме рибарите од двете најголеми здруженија кај нас да не влегуваат во морето до целосно расчистување на проблемот“, коментира извршниот директор на НАФА, Христо Панајотов.
Денеска препладне во Окружната администрација на Бургас беше свикан итен состанок со релевантните државни институции.
Од населението во окрузите Добрич, Варна и Бургас се бара да биде внимателни, а доколку откријат сомнителни топчести предмети во водата или на брегот, од граѓаните се бара да ги известат службите.
