Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУГАРИЈА Е НАЈЛОША ВО ЕУ: Каде е Македонија со БДП во однос на ЕУ?

БУГАРИЈА Е НАЈЛОША ВО ЕУ: Каде е Македонија со БДП во однос на ЕУ?

Македонија има мал БДП во однос на европските држави. БДП по глава на жител вo земјава е половина од оној на Европската Унија(ЕУ).

Кај нас бруто домашниот производ по глава на жител е 59 отсто под просекот на ЕУ, покажуваат официјалните европски статистики. Меѓу земјите-членки на ЕУ, Луксембург има највисок БДП по глава на жител, а Бугарија е со најнизок.

Во Луксембург, според податоците за ланската година, БДП по глава на жител е за 139 отсто над просекот на ЕУ, по што следат Ирска (111 отсто) и Холандија (30 отсто). 

Уште осум земји имаат повисок БДП по глава на жител од просекот на ЕУ – Данска, Австрија, Белгија, Германија, Шведска, Финска, Малта и Франција.

Бугарија има најнизок БДП по глава на жител, 36 отсто под просекот на ЕУ, потоа следат Грција (33 отсто) и Летонија (29 отсто).

foto freepik.com/katemangostar

Слично

Поврзани вести