Бугарија е меѓу земјите со најопасни патишта во Европа
Бугарија е меѓу земјите во Европа со најмногу смртни случаи во сообраќајни несреќи, покажуваат податоците на европската статистичка служба Евростат.
Таа е во топ пет земјите во Европа по бројот на смртните случаи во сообраќајни несреќи. На 1 милион жители има евидентирани 91 смртен случај. Исто е и во Литванија и Романија. На прво место е Летонија со 106 смртни случаи на 1 милион жители.
Патиштата на северозападниот регион во Бугарија - најсиромашните во ЕУ, се најопасни.
Евростат забележува дека во ЕУ како целина смртните случаи во сообраќајни несреќи се намалуваат. Најголемо намалување на смртните случаи во сообраќајни несреќи во 2014 година е забележано во Данска - 55%, потоа следи Хрватска со 54%, Словенија со 50%, Грција со 49% и Словачка со 47%.
Најмалку смртни случаи во сообраќајни несреќи има во Шведска - 28 на 1 милион, Велика Британија и Норвешка - со 29, и Швајцарија со 30 на милион луѓе.
