Бугарија е меѓу водечките 10 држави во ЕУ по раст на туристички ноќевања
Соседна Бугарија е меѓу водечките 10 држави во ЕУ по раст на туристички ноќевања.
Нивниот број во 2015 година надминува 8 милиони луѓе и е зголемен за 5,6 %, при среден раст за земјите од ЕУ од околу 3%. Средните трошоци по човек, според податоците на Народната банка, се околу 400 евра за 2015 година, а просечниот престој е помеѓу 5 и 6 дена. Просечните трошоци на еден странски турист на ден во Бугарија се околу 70 - 80 евра.
Во последните 10 години Бугарија постигнала речиси 50% раст на странските туристи и 7% раст на приходите во секторот. Бројот на странските туристи минатата година е речиси 10 100 000 луѓе. Туризмот е меѓу водечките сектори во економијата на Бугарија и вкупниот придонес на секторот лани е над 10,5 милијарди лева.
Според податоците на Министерството за туризам вкупниот број работни места во Бугарија во 2015 година, директно или индиректно поврзани со туризмот, биле околу 338 000, што е 11% од сите позиции.
