Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугарија договори 20% поевтин гас и потпиша за „Јужен тек“

Бугарија договори 20% поевтин гас и потпиша за „Јужен тек“
Цената на природниот гас за Бугарија  ќе се намали над 20% од 1-ви јануари 2013 година. Ова денеска го соопшти бугарскиот премиер Бојко Борисов, откако Бугарија и Русија го потпишаа новиот договор за испорака на природен гас помеѓу „Булгаргаз" и „Газпром". Договорот е склучен на десет години, а испораката на гас ќе се спроведуваат без посредници. По 6 години Бугарија ќе има право да ја намали договорената  количината гас доколку е потребно, а како што појасни министерот за економија Делјан Добрев, тогаш ќе можат да договорат и нови цени за рускиот гас во Бугарија. Бугарија и Русија го фатија последниот рок денеска и го потпишаа конечното инвестициско решение за проектот за гасоводот "Јужен тек". „ Сите процедури и договорите за „Јужен тек“ се потпишани. На 7-ми декември во Анапа свечено ќе почне изградбата на морската дел на гасоводот, а во 2015 година ќе пристигне гасот во Бугарија“, истакна  Алексеј Милер, извршен директор на руски Газпром. Моќноста на гасоводот е 63 милијарди кубни метри гас  , а неговата должина на бугарска територија е околу 540 километри со три компресори станици. Влезната точка е јужно од Варна. „ Откако ќе стигне рускиот гас во Бугарија повеќе нема да бидеме зависни од други земји“, нагласи министерот за економија Делјан Добрев.
Слично

Поврзани вести