Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бугари се борат во редовите на „Исламска држава”

Бугари се борат во редовите на „Исламска држава”

Над 2.000 лица се следбеници на Ахмед Муса од Пазарџик и одат во Сирија да се борат.

Младите кои заминале на џихад, се од различни области во Бугарија. Станува збор за мажи на возраст од 20 до 30 години, кои се водат дека се на печалба во странство, но всушност се дел од групата.

„Многу се опасни. Штом одат во Сирија да се борат, значи можат да активираат бомби и во Бугарија. Видов мечеви, палки, работите беа во џамијата. Откако го фатија Ахмед, оружјето веќе не е таму. Самиот тој рекол дека христијаните се непријатели, ѓаволи за во пеколот. Можете да силувате жени и деца, бидејќи бог тоа дозволува рекол“ - раскажува жител на Пазарџик.

Додава дека во соседството одржуваат контакти со „Исламска држава". Тврди дека знаеле за нападот над „Шарл ебдо" и атентатите во Минхен.

Ахмед Муса и дел од неговите соработници во моментов се во затвор поради своите проповеди, а адвокатите побарале судот во Пловдив да ги ослободи.

Слично

Поврзани вести