Бугари обвинети за злупотреба на австриски банкомати
Бугарски државјани на возраст од 23 и 26 години треба да одговараат пред судот во Линц, бидејки вршеле скиминг на банкомати во Линц, Велс и Салцбург, и со тоа нелегално присвоиле 185 000 евра. Тие делумно потфрлиле во операцијата - во спротивно штетата би била за 165 000 евра поголема.
Според некои сомневањадвајцата Бугари припаѓаат на меѓународна криминална група, а истите користеле апарати за читање на карти, со цел да добијат пристап до податоците на клиентите. Информациите биле пренесени во Бугарија преку интернет.
Полицијата ги открила апаратите за скиминг за време на рутинска проверка, минатиот декември во Линц. Банкоматите, сепак биле ставени под надзор, со чија помош биле фатени сторителите.
Слично
