Бугари и Турци масовно купуваат имоти во Грција - службите истражуваат
Бугари и Турци масовно купуваат имоти во северна Грција.
Грчката Служба за национална безбедност истражува масовно купување земјиште и имот, објави Бугарското национално радио.
Според локалните медиуми, странците масовно стекнуваат имот во северна Грција.
Бугарите купуваат напуштени куќи во села по многу ниски цени, кои ги реновираат со намера да се населат таму.
Пратениците од владејачката Нова демократија испратија официјално писмо до парламентот со барање за итна промена на законодавството кое ги регулира правата на странците да поседуваат имот во Грција.
За да се избегнат ограничувањата што важат за државјаните на трети земји, турските граѓани работат преку бугарски компании во кои се ко-сопственици. Според адвокатите и нотарите од Александрополис, турските инвеститори инвестираат значителни средства и веќе поседуваат хотели, објекти и скапи имоти.
Според адвокатите, европското законодавство е почитувано. Сепак, грчките власти се сомневаат дека зголемениот турски интерес за регионот Еврос може да има за цел постепено да ја преземе контролата врз регионот.
foto Wikipedia/KARDO.FAMILY
