Бугари ги прават најдобрите евра фалсификати во светот
Банкнотите се со квалитет 9,7 по 10-степената скала на Европската централна банка.
Банкнотите откриени минатата недела во печатница за лажни евра се со исклучително висок квалитет. Такви фалсификати досега нема произведени на друго место.
Ова го изјави заменик-главниот обвинител, Борислав Сарафов по средбата со експерти од Европол. Тие ги истражувале банкнотите и рекле дека се со квалитет 9,7 по 10-степената скала, изработена од Европската централна банка. Пред околу една недела беше откриена печатница за лажни евра. На три места беа најдени печатарски машини, ласерски принтери, водени жигови, холограми, налепници, плочи, хемикалии и други материјали за печатење на банкноти од 100 евра. Притворени се тројца за овој случај. Не се знае дали овие луѓе на друго место изработувале лажни евра, но располагале со многу квалитетна опрема.
