Економија, финансии, бизнис

Контакт

Буџетот во собрание – омразата тлее меѓу Макрадули и Ставрески?!

Буџетот во собрание – омразата тлее меѓу Макрадули и Ставрески?!
Жестоки препукувања меѓу власта и опозицијата по предлог буџетот во текот на расправата во Собрание. Во фокус расправата меѓу пратеникот на СДСМ Јани Макрадули и вицепремиерот Зоран Ставрески. Според Макрадули владата повторно сака и со новиоот буџет да се расфрла со пари и да троши на непотребни проекти. Тој потсети и на изјава на премиерот дадена вчера во Словенија, кога рече дека во земјава сонцето ќе изгрее и ако не добиеме датум за преговори во декември. „Се прашувам дали можеби може да го запре да изгрее сонцето со своето диктаторско однесување, но тврдам дека со сигурност ќе ги огрее прозорците на двата стана на министерката Гордана Јанкулоска, фирмата на братучедот во  Чешка, земјата на Смиленски, банките и компаниите  на Орце, кој за три години купи девет компании, но и златните покриви на криминалните згради од Скопје 2014. Сепак, најмногу од се отсјај ќе има од бентлито на Субрата Рој и низата белосветски криминалци, кои ќе им ги бодат очите на граѓаните шточекаат еднаш годишно да јадат на мостот, или оние чии 235 илјади високообразовани деца во странство“, истакна Макрадули во Собрание и додаде дека буџетот ќе се полни со повеќе казни од граѓаните. Вицепремиерот Ставрески пак изјави дека владата на ВМРО-ДПМНЕ има остварено инвестиции од 1,2 милијарди евра, а СДСМ само 400.000 евра. „Ние привлековме големи инвеститори, за разлика од криминалните влади на СДСМ кои не сакаа влез на големи компании“, рече Ставрески и посочи дека лани иако опозицијата посочила дека ќе има колапс, и ќе нема плати, пензии, тоа не се случи. -Не сакавте да влезе „Ауди“, зашто сакавте да ги земете фабриките и затоа што сакавте да продолжите да крадете, рече Ставрески кој додаде и дека е зачуден од омразата со која говори Макрадули. „Зошто имам омраза? Затоа што мојата ќерка гледаше како ме влече полиција. Но, ќе дојде ден кога и твојата ќерка ќе гледа како те води полиција и како снимаат камерите. Зошто имам омраза? Затоа што јадеше кај мене, а сега ми праќаш полиција“, истакна Макрадули. Расправата за предлог буџетот за 2014 година почна вчера. Државната каса за наредната година, според предлогот, ќе „тежи“ 176,5 милијарда денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 200 милиони, а буџетскиот дефицит, според проценките, треба да изнесува 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори. И на приходната и на расходната страна има зголемување за 7 проценти во однос на годинашниот буџет. Опозицијата во Собранието поднесе 684 амандмани на предлог буџетот.
Слично

Поврзани вести