Економија, финансии, бизнис

Контакт

Буџетот во Собрание – само фалби за државната каса

Буџетот во Собрание – само фалби за државната каса
Без опозиција нема жестока расправа за државниот буџет за претстојната 2015 година. Пратениците денеска расправаа за државната каса, но без забелешки. Најголемиот дел од дискутантите ја пофалија распределбата на средствата, се дискутираше без реплики. „Некои велеа дека буџетот ќе се распадне, дека ќе има кратење на плати и пензии, дека државата нема да исплати субвенции. Ништо од тоа не се реализираше. Државата ги сервисира своите обврски, нкогаш со доцнење во овие тешки услови, но ги сервисира и финансиите на Република Македонија се во сигурни раце“, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. Дел од пратениците ја пофалија Владата за започнатите инфраструктурни проекти. „Како никогаш до сега во РМ се посветува внимание на изградба на автопатишта“, рече Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ. Распределбата на средствата во државната каса за догодина ја бранеше вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој вели дека двата столба на буџетот за 2015 година се социјалната сигурност и високото ниво на капитални инвестиции. „Професионалците од ММФ, оние кои се најповикани да дадат совет за економските политики, го препорачуваат тоа што Македонија го прави преку буџетот“, рече Ставрески. Буџетскиот дефицит за догодина Владата го проектира на 3,5% од БДП, растот на економијата се очекува да биде 4%, а инфлацијата 2%. Државната каса ќе „тежи“ околу три милијарди евра.  
Слично

Поврзани вести