Економија, финансии, бизнис

Контакт

Буџетот оштетен за 50 милиони евра, што откри финансиската полиција?

Буџетот оштетен за 50 милиони евра, што откри финансиската полиција?

Управата за финансиска полиција во поглед на реализираните мерки и активности во текот 2018 година до надлежните Јавни обвинителства поднесе 74 кривични пријави против 68 правни лица и 163 физички лица со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 3.018.354.504 денари или 48.919.846 евра, објави директорот Арафат Муареми на својот Фејсбук профил. 

За Злоупотреба на службена положба и овластување поднесени се 23 кривични пријави против 3 правни лица и 73 физички лица со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 2.762.907.968 денари. 

„За Даночно затајување поднесени се 43 кривични пријави против 62 правни лица и 79 физички лица со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 221.731.159 денари. За други кривични дела поднесени се 8 кривични пријави против 3 правни лица и 11 физички лица со кои е нанесена штета во износ од 33.715.377 денари“, наведува тој. 


Бројот на поднесени кривични пријави за 2018 година во однос на претходната година е зголемен за 51 процент, а во споредба со 2016 година бројот на поднесени кривични пријави е зголемен за 80 проценти, додава Муареми.

Слично

Поврзани вести