Економија, финансии, бизнис

Контакт

Буџетот и денес на „мени“ пред пратениците

Буџетот и денес на „мени“ пред пратениците

До крајот на неделава расправата за буџетот за следната година треба да заврши бидејќи согласно деловникот таа треба да трае најмногу пет работни дена. 

И денеска пратениците ќе дискутираат за парите кои надлежните ги проектираа за трошење за 2020 година.

Додека за владеачкото мнозинство буџетот е проектиран и е развоен со со средства насочени кон проекти од програмата и интересите на граѓаните, за пратениците од опозицијата тој е социјален, популистички и предизборен.

Подобро  здравство, подобро образование, подобра социјална грижа и воопшто подобри услови за живот на сите граѓани се трите столба на кои министерството за финансии го потпира овој буџет.

Слично

Поврзани вести