Економија, финансии, бизнис

Контакт

Буџетот ги скара СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, потребен е ребаланс?

Буџетот ги скара СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, потребен е ребаланс?
СДСМ бара Владата есенва под итно да направи ребаланс на Буџетот, од ВМРО ДПМНЕ реагираат дека земјава е економски рај. За време на денешната прес конференција опозициската СДСМ побара од Владата да донесе ребаланс на Буџетот бидејќи постојниот буџет е неостварлив.Како што изјави Ванчо Узунов, потпретседателот на партијата, ребалансираниот буџет треба да содржи намалување на буџетската потрошувачка, бидејќи дефицитот на крајот на годината ќе биде преголем, над планираните 3,5 проценти од БДП. Тој предложи платите и социјалните давачки да останат на исто ниво, но да се скратат непродуктивните трошења. „Владата, заклучно со мај лани, направила буџетски дефицит од 80 милиони евра, а годинава од околу 200 милиони евра. Веќе е изеден огромен дел од планираниот буџетски дефицит за целата оваа година“,истакна Узунов. Од партијата побараа запирање на задолжувањето, изготвување стратегија за раководење со јавниот долг и создавање реални услови за поттикнување на домашните инвестиции. Според Узунов, растот на  БДП од 2,9 проценти во првиот квартал, е резултат на енормно трошење буџетски средства и  ниска споредбена основа со првиот квартал лани. Од ВМРО ДПМНЕ пак соопштија дека Узунов има партиската наредба да говори против нив. Во своја одбрана од владејачката партија велат дека Македонија во услови на глобална економска криза изминатите месеци успеа да постигне значителни економски резултати, посебно во предвид ако се земат економските параметри на соседните земји и ЕУ како наши најголеми економски партнери. Од ВМРО ДПМНЕ истакнуваат дека земјава има видливи економсми резултати и раст на БДП од 2,9 отсто што е четврти најдобар резултат во Европа. „За прв пат после две децении невработеноста се намали на 29,9%, а збирно за годините во кои ВМРО-ДПМНЕ ја носи одговорноста за државата, бројот на нови работни места  е зголемен за 98.553. Исто така  во првите четири месеци од оваа година имаме инвестиции од  73,3 милиони евра што е значително повеќе мерено со истиот период од минатата година“, се вели во реакцијата.
Слично

Поврзани вести