Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУЏЕТ 2018 : Помалку пари од ДДВ и од акциза, повеќе од персоналец!

БУЏЕТ 2018 : Помалку пари од ДДВ и од акциза, повеќе од персоналец!

Ланската буџетска година заврши со вкупни остварени приходи на ниво од 2,9 милијарди евра што во однос на проекцијата претставува пониско остварување за 2,74%. Според новите податоци на Министерствто за финансии, кај вкупните даночни приходи потфрлувањето во однос на планот изнесува 1,23 %. Конкретно, од ДДВ лани во буџетската каса се собрале 778,3 милиони евра, што е за 2,41% помалку во однос на буџетските очекувања за прилив по овој основ. Помалку пари од планираното за 3,86% се собрале и од Данок на добивка, со што на крајот од 2017 година приходите по овој основ изнесувале 184,6 милиони евра.

Потфрлување има и кај приходите од акциза, пришто на крајот од декември, односно за една година од оваа давачка во буџетската каса се слеале 375,5 милиони евра што е за 1,05% помалку во однос на планот. Од друга страна, во буџетската 2017 година, оставрување има кај приходите од персонален данок на доход, кои биле на ниво од 248,2 милиони евра или реализација од 100,14%.  Целосно оставрување има кај приходите по основ на придонес за пензиско осигурување, кои на крајот од 2017 година биле на ниво од 579 милиони евра со  остварување од 100,36%. Натфрлување има кај приходите во Агенцијата за вработување за 2,77% додека незначително намалување од 0,28% има кај приходите во Фондот за здравствено осигурување.

Во 2017 година, незвесноста од политичките ризици најмногу се одрази врз инвестициите. Во делот на државните капитални расходи, лани во однос на проекцијата, имало остварување од 83,6%, на ниво од 322,9 милиони евра. 

Слично

Поврзани вести