Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУЏЕТ 2015: Зголемените плати и пензии го кренаа Буџетот до 3 милијарди евра?

БУЏЕТ 2015: Зголемените плати и пензии го кренаа Буџетот до 3 милијарди евра?
Владата ги исцрта контурите на новиот Буџет за 2015-та година. Според бројките, овој буџет ќе биде еден од најгломазните од скоро 3 милијарди евра. На расходната страна до година за капитални расходи Владата планира да потроши нешто повеќе од 344 милиони евра. Иако вкупниот буџет е зголемен за 5%, кај ставката која треба да ја обезбеди развојната компонента, во однос на сегашниот буџет има зголемување за околку 2 милиони евра. До година, Владата испланира повисоки плати, пензии и социјални трансфери. “Со буџетот за в година се планира исплата на поголеми износи на платите на вработените во буџетските институции, на пензиите и на социјалната помош. При тоа, од октомври оваа година буџетските плати ќе се зголемат за 4 отсто. Додека пензиите и социјалната помош ќе бидат повисоки за 5 отсто, а нивните зголемени износи ќе бидат исплатени в година. Односно, социјалците во јуни, а пензионерите во октомври 2015 година“, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески. И проектот Скопје 2014-та ќе троши пари од новиот Буџет. Почнати, а се уште незаврзшени објекти, згради веќе се најдоа на листата за финансирање.  Повеќе пари и за Слободните економски зони. Од каде ќе се собираат пари и за што ќе се трошат .... Во однос на годинешниот, новиот Буџет за 2015-та ќе биде потежок за 5% или во 2015-та година Владата планира да потроши 2,95 милијарди евра. И на приходната страна е предвиден раст на приливите. Еве колку пари планира да собере и да потроши Владата догодина: Вкупни приходи      2,65 милијарди евра Вкупни расходи      2,95 милијарди евра Буџетски дефицит   300 милиони евра На приходната страна, 1,4 милијарди евра треба да се обезбедат од даночни приливи додека од придонеси се планирани скоро 800 милиони евра. На расходната страна до година за капитални расходи Владата планира да потроши нешто повеќе од 344 милиони евра. Иако вкупниот буџет е зголемен за 5%, кај ставката која треба да ја обезбеди развојната компонента, во однос на сегашниот буџет има зголемување за околку 2 милиони евра. Во делот на капиталните расходи, според министерот за финансии влегуваат нови, но и веќе започнати проекти. “И следната година продолжува инвестицискиот циклус во патната и железничката инфраструктура. Тука е изградбата на  Коридорот 10 за кој ќе се вложат вкупно 3,4 милијарди денари и за железничката инфраструтура 1 милијарда и 311 милиони денари. За водоводната мрежа и пречистителни станици се предвидени 1 милијарда и 765 милиони денари“, изјави министерот Ставрески. Во капиталните расходи беа посочени и проектите за гасификација, доградба на економските зони, спортски објекти и друго. Еве за што и колку пари ќе се трошат:
Субвенции       140 милиони евра Гасификација    4,2 милиони евра Јавни здравствени установи 8,6 милиони евра Спортски објекти  4,7 милиони евра Општини          9,5 милиони денари Слободни економските зони  9 милиони евра Инвестиции во информатиката    5,1 милион евра Градинки  2,2 милиони евра
Во новиот Буџет ќе има пари и за некои од почнатите објекти од прокетот “Скопје 2014“. Така, предвидени се 3 милиони евра за изградба на Филхармонијата, ќе има пари и  за изградба на библиотеката и театарот во Тетово и за албанскиот театар во Скопје, во вкупна вредност од  скоро 3 милиони евра. Буџетскиот дефицит до година е понизок од годинава и е предвиден на ниво од 3,5% од БДП, или 300 милиони евра. Министерот за финансии вели дека Владата има пари да го финанисра дефицитот и зацртаните проекти без нови задолжувања. “Имаме доволно обезбедени средства за реализација на зацртаните проекти, финансиски сме обезбедени со еврообврзницата. Не предвидуваме ново задолжување на домашниот пазар и нема да има позајмици од банките. Ќе ги одржиме и понатаму на високо ниво макороекономската и фискалната стабилност“, посочи Ставрески. Раст на БДП 4 % Новите позиции на Буџетот се реални и според министерот земени се предвид внатрешните, но и надворешните фактори кои би можеле да имаат влијание врз економските трендови догодина. “Очекувам РМ и натаму да остане земја со макроекономска и фискална стабилност, да останеме на трендот на зголемување на економската активност кој што е поддржан и во делот на инвестициите и во делот на потрошувачката преку овие политики за зголемување на плати, пензии и социјална помош и инвестиции, како и другите проекти содржани во буџетот. Ќе го задржиме сегашното умерено ниво на задолженост, што не става меѓу најмалку задолжените земји во Европа“, рече министерот за финансии. Предлогот на буџетот за 2015 година од денеска е во собраниска процедура. Буџетот за 2015 година е проектиран на раст од 4 отсто на БДП, инфлација на ниско ниво од 2 отсто. Предлагачот вели дека новиот Буџет е во функција на исполнување на приоритетите на оваа Влада, а како што посочи,  тоа се поддршка на стопанството и приватниот сектор преку капитални инвестиции, но и стандардот на граѓаните. А.Д.
Слично

Поврзани вести