Економија, финансии, бизнис

Контакт

Будва ќе ги казнува разголените туристи

Будва ќе ги казнува разголените туристи

Туристичките работници од Будва најавуваат дека во иднина, кога ќе ги реши приоритетните проблеми, може да тргне по стапките на хрватскиот Хвар и да се наметнат казни за разголените туристи кои се шетаат низ градот надвор од плажите.

На Хвар на пример, шетање во костим за капење надвор од плажата се казнува со 600 евра, а 100 евра ќе платат жени кои имаат само горен дел од костумот и мажи кои на улица ќе се најдат без кошула или маица. По 700 евра ќе плаќаат тие кои по улиците ќе се најдат во алкохолизирана состојба или со шише во рака. 

- Целта на туристичките казни е елиминзација на сите елементи на примитивизам, односно тоа што не кореспондира со медитаранскиот менталитет. На пример шанк на отворено создава голема бучава и со самото тоа привлекува луѓе кои се разголени, потенцира Драган Иванчевиќ претседателот на одборот на здружението на туризам во Будва. 

Сепак, градоначалниците на Будва и околните општини велат дека немаат ништо против ваквите предлози но, тие треба да се носат на државно, а не на локално ниво. 

Слично

Поврзани вести