Економија, финансии, бизнис

Контакт

Будва е корона „бомба“?

Будва е корона „бомба“?

Според податоците на РТЦГ, во црногорскиот град Будва, во последните 14 дена, имало 1.432 заразени со коронавирусот на 100 илјади жители. 

Тоа е скоро двојно повеќе од второпласираниот Котор со 712 заразени лица. Вчера во Будва се регистрирани 2.384 пациенти, што претставува зголемување од дури 50 проценти.

Д -р Радмило Јанковиќ, заменик -директор на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, предупреди дека Будва сега е најинфицираниот град во светот по глава на жител и дека во овој момент во Будва има 100.000 луѓе од Србија кои влегле без секое тестирање и тоа преставува потенцијална корона „бомба“.

Црна Гора ги заостри правилата за влез на нивна територија, но тоа не важи за земјите од регионот, затоа што имаат поголем бенефит од туризмот. Македонците и натаму ќе можат слободно да патуваат во оваа земја. 

foto unsplash.com

Слично

Поврзани вести