Будимпешта: Грција е одговорна за масовниот прилив на мигрантите во ЕУ
Грција треба да сноси одговорност за масовниот прилив на мигрантите во Европската унија поради недостатокот на соодветна контрола на границата. Тоа го изјавил унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, цитиран од агенциите, на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.
Се разбира, одговорноста е на Грција, бидејќи таа не си ја брани границата. Таа дури и не ги регистрира мигрантите. Не би требало тие да пристигнат во Унгарија, без да се регистрирани. Ова е огромен проблем, сите членки на ЕУ треба да се придржуваат кон статутот на Заедницата, изјавил Сијарто.
Заштитата на границите треба да биде меѓу приоритетните работи на ЕУ во моментов, додал тој.
Правилата на Шенген зоната се многу важни за достигнување на ЕУ. Треба да се заштитиме од Шенген и границите на ЕУ, тоа е одговорност на сите земји членки, истакнал унгарскиот министер.
