Економија, финансии, бизнис

Контакт

БУЏЕТСКИ КЛИНЧ: СДСМ бара соголување на трошењата, дали ВМРО –ДПМНЕ ќе дозволи?

БУЏЕТСКИ КЛИНЧ: СДСМ бара соголување на трошењата, дали ВМРО –ДПМНЕ ќе дозволи?
Ќе се промени ли Законот за Буџетите со што Владата ќе биде законски обврзана да објавува месечни извештаи и списоци  за тоа на кој и колку пари му исплатила? За ова жешко прашање, поврзано со контролата на јавните финансии се очекува собраниска дебата во четврток, кога ќе почне расправата по предлог законот за измени на Законот за Буџети, што го достави опозициската СДСМ. Да се знае кој е должник а кој наплатил од Буџетот … Предлогот на СДСМ за измени во Законот за Буџетите стаса во Собранието. Ова е еден од првите предлози за законски измени што ги достави опозициската партија откако се врати во парламентраните клупи. СДСМ предлага измени со кои, како што велат од партијата ќе се зајакне контролата на јавните финансии но и увидот во трошењата на буџетските пари. “Нетранспарентниот начин на трошењето на овие пари е базата за злоупотреба на народните пари  и коруптивното однесување на власта.  Зголемувањето на фискалната транспарентност подразбира дека сите министерства, агенции, јавни претпријатија или било кои други институции кои буџетски се финансираат, ќе мораат до крајот да го разголат своето работење, односно каде и како ги трошат народните пари“, посочува предлагачот на законските измени , СДСМ. Според предлогот на СДСМ, треба да се воведат нови документи,, односно извештаи за тоа како се извршува Буџетот но и да се објавуваат на месечна основа. “Извештаите за извршување на буџетот,  буџетските корисници, единките  корисници на буџетот и Фондовите заедно со превземените, а неплатени обврски заклучно со извештајниот период се објавуваат на веб страната на Министерството за финансии на месечна основа. До Министерството за финансии се доставува  и список на сите правни и физички лица со податоци за износот на исплата, основот за исплата и датумот на исплата на кои им извршиле исплата на буџетски средства во месецот за кој се однесува извештајот кој Список Министерството за финансии исто така го објавува на својата веб страна на месечна основа“, пишува во предлогот на СДСМ, од каде сметаат дека  исклучок треба да бидата само оние физички лица кои редовно на месечна основа добиваат надоместоци од буџетот и фондовите: пензии и социјална помош. Партијата смета дека за да се зголеми транспарентноста, оваа обврска треба да важи и за Јавни претпријатија и трговски друштва во државна или во доминантна државна сопственост Сега, на официјалната страна на Министерството за финансии се објавуваат : Буџетот, Фискалната стартегија и Завршната сметка, како и месечни извештаи за реализација на Буџетот. “Тоа што сега се објавува се збирни извештаи, ние  бараме односно предлагаме да се објавуваат поединечни извештаи, по министерства, институции, агенции, односно да се има увид како  тие институции ги трошат парите. Исто така предлагаме да се објавува  и список на сите правни и физички лица кон кои има исплата, тука се иземени пензионерите и корисниците на социјална помош но не и вработените во администрацијата, и тоа не е случајно, напротив е важно за да се види колку буџетари има. Секако ова треба да важи и за фондовите, агенции и  фирмите што се во доминантна државна сопственост. Така, разликата со сегашните извештаи што се објавуваат е суштинска“, вели пратеникот од СДСМ, Марјанчо Николов. За разлика од сега, кога до собранието се доставува Завршната сметка за извршување на Буџетот, опозициската партија смета дека тоа треба да се прави на квартална основа. ”Министерството за финансии по завршувањето на секој квартал во рок од една недела од завршувањето на кварталот доставува до Владата на Р.М. и Собранието на Р.М. квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Р.М, Буџетските корисници, Единките корисници и Фондовите кои квартални извештаи ги објавува на својата веб страна на квартална основа.” – се вели во предлог законот за изменување на Законот за буџетите. Откако опозицијата најави дека ќе предложи пакет на законски измени, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски изјави  дека законите што опозицијата ги предложила биле несериони и дневен маркетинг на партијата. Тој рече дека СДСМ се обидувала да биде бледа копија на ВМРО-ДПМНЕ и да освои симпатии кај јавноста. “Толку се неискусни и желни за поддршка од граѓаните, која ја немаат, што мислат дека носењето на сериозни одлуки е играње на маалска игра. Како и до сега, СДСМ ќе ја лаже јавност, ќе ветува се и сешто, само да им се допадне на граѓаните, но сите паметиме дека секогаш кога беа на власт не исполнија ниту едно свое ветување.” –изјави Димовски. Од опозициската СДСМ очекуваат дебата, но не и прифаќање на законските предлози. “Во однос на прифаќањето или неприфаќањето на нашите предлози, според досегашната пракса не не охрабрува дека владеачкото мнозинство ќе го прифати овој предлог, очекувам да го одбија, се работи за предлог кој треба да ја зголеми транспарентност  и очекувано е Вмро Дпме да го одбие“, вели пратеникот Николов. Конкретно, за законските измени поврзани со зајанкување на конторала на јавните финансии, Димовски оцени дека таква пракса каква што ја предлагаат од СДСМ, не постои во ниту една европска држава, а предлогот бил апсурден и физички невозможен. Прелогот на СДСМ ќе се најде на дневен ред на собраниска расправа во четврок. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести