Бундесбанка ги предупредува граѓаните да не користат биткоини
Секој кој ги вложува своите пари во виртуелни пари може да претрпи големи загуби, рекол Членот на Управата на Бундесбанка Карл Лудвиг Тиеле за „Вел ам Сонтаг“.
Биткоинот е објект на шпекулација чија вредност нагло се менува. Од точка на гледиште на Бундесбанка биткоинот има многу високи перформанси на волатилност“.
„Биткоинот е средство за размена кое не го издаваат централните банки, туку непознати фактори. Јас не го гледам како валута“, рекол Тиеле.
Секој граѓанин кој ја вложува својата заштеда во биткоин би требало да гледа на движење на цената.
„Можеме само превентивно да ги предупредуваме луѓето да не го користат биткоинот, но ние не донесуваме инвестициони одлуки за граѓаните“.
Тиеле, меѓутоа, не гледа причини за забрана на биткоинот како средства на плаќање. Меѓутоа корисниците не би требало да ги кршат прописите во домен на перење пари. Исто така биткоинот моментално не претставува опасност за финансиските системи, барем додека останува маргинална појава.
Дневно има само 350 000 трансакции од дигитален карактер ширум светот. Наспроти тоа, секојдневно 77 милиони трансфери, директни дебитни и плаќања со картички се извршуваат само во Германија.
