Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бучковски, Зиков и Јорданов заедно во „Алијансата за позитивна Македонија“

Бучковски, Зиков и Јорданов заедно во „Алијансата за позитивна Македонија“
„Алијанса за позитивна Македонија“, за која се зборуваше изминатиот период, а денеска ја промовираа поранешниот премиер Владо Бучковски, новинарот Љупчо Зиков и бизнисменот Минчо Јорданов. Алијансата треба да донесе освежување и политичка конкуренција која според иницијаторите ќе внесе  достоинство во општествениот живот и ќе ја разбие црно-белата слика на политичката сцена. „Целта е да се движиме кон центарот на политичката сцена, со граѓанско-либерален концепт и очекуваме да ни се придружат многу граѓани, независно од етничката припадност, а и лица што досега не биле експонирани во политиката“, изјави Бучковски. Според Љупчо Зиков, прашање на политичка одлука е дали сакаме да се развиваме со над 6% на годишно ниво, а најдобра социјална политика се инвестициите и отворањето нови работни места како начин Македонија да се излекува од „белата чума“ поради која, како што нагласи, веќе не сме два милиони, туку одвај 1,7 милиони жители. Зиков  најави дека имаат создадено проект за отворање нови 100 илјади работни места, што ќе значи отворање на многу нови фирми, фабрики, со македонски сопственици. „Во Македонија имаме умствени капацитети да стимулираме отворање македонски фирми, да отвориме домашна, масовна приказна во овој контекст, и да ја раскажеме“, истакна Зиков. Според иницијаторите, движењето е отворено за сите граѓани што и мислат добро на земјата, независно од нивната етничката и верската припадност. Според најавите, во септември ќе се одржи Конгресот на „Алијанса за позитивна Македонија“ кога треба да се избере и претседател на партијата.
Слично

Поврзани вести