Бучковски ќе се жали и на Врховен
Поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски не е задоволен од вчерашната одлука на Апелацискиот суд кој му одреди казна затвор во траење од две години по обвиненијата за спорна набавка на резервни делови за армиските тенкови.
„Битката траеше седум години и планирам да ја продолжам до крај. Следно е жалба до Врховниот суд“, изјави Бучковски за Нетпрес.Тој притоа нагласи дека пресудата нема да ја коментира додека не ја добие и не ја прочита.
По одлуката на Апелацискиот суд, пресудата за случајот „Тенковски делови“ практично е правосилна. Сепак, на осудените им остануваат уште неколку месеци на слобода. Најпрвин на сите нив, но и нивните адвокати треба да им се врачи пресудата на писмено, а откако последниот од нив ќе ја прими, тече рок од 15 дена по кој одлуката станува извршна.
Од Апелацискиот суд вчера две години затвор за истиот случај доби и поранешниот началник на Генералштабот на АРМ Методи Стамболиски. Со ова Апелација им ја намали првично досудената казна на Бучковски и Стамболиски која изнесуваше три години.
Апелацискиот суд ја преиначи одлуката и во однос на другите обвинети. На Ацо Ѓурчевски, поранешниот државен советник во Министерството за одбрана и на Нелко Менкиновски, како и на директорот на МЗТ ФОБ Митре Петковски наместо затворски, им се изречени условни казни.
Слично
