Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бучковски: Богоевски презентирал редица на неточни информации

Бучковски: Богоевски презентирал редица на неточни информации

Слободан Богоевски, поранешниот шеф на македонската тајна полиција, сведочел во истрагата за поткуп во „Маѓар телеком“, објави интернет-порталот „Мејн џастис“ (Main justice), специјализиран за инсајдерски вести поврзани со активностите на американското Министерство за правда, вклучувајќи и 94 канцеларии на правобранителите во САД, пренесе „Утрински весник“ кој успеа да дојде до текстот, во кој се вели дека „федерален судија во Њујорк ќе го дозволи писменото сведочење на поранешниот шеф на македонската тајна служба според Актот за странски коруптивни практики во судењето на тројца поранешни извршни директори на унгарската телекомуникациска компанија“. Судијата смета дека проблемите со писмените сведоштва не влијаат негативно на сведочењето.

Дел од медимите пренесоа дека од документите кои  Њујоршкиот суд што го води случајот против директорите на „Маѓар телеком“ го отвори за јавноста сведочењето на Слободан Богоевски, можело да се прочита дека поранешен висок македонски функционер кој посочен за примање мито, кој се’ бил вмешан, како се одвивала шемата на корумпирањето и многу други пикантерии околу сведочењето, кое се одвивало во Амбасадата на САД во Скопје, и лично и преку видеоконференција.

„Либертас“ пак повикувајќи се документот од сведочењето објави дека поранешниот премиер Владо Бучковски е директно посочен дека примал мито. Бучковски, пак, преку соопштение се обрати до јавноста:

„Почитувани, јас Владо Бучковски соработувам со Американската комисија за хартии од вредност,во граѓанската парница што тие ја водат против директорите на Маѓар телеком(Балог, Штрауб и Морваи) пред Њујоршкиот суд.

На барање на Американската комисија за хартии од вредност, јас сведочев на 7 февруари 2014 година, во нивното седиште во Вашингтон (100 F Street, N.E. Washington DC 20549). На сведочењето кое траеше близу 7 часа одговарав на вкрстени прашања од претставниците на Америкснската комисија и адвокатите на обвинетите директори од Маѓар Телеком. Сведочењето беше под заклетва и за него има стенографски белешки и видео запис. Бев замолен да не го обелоденувам моето сведочење и да се воздржам од јавни коментари на случајот до неговото завршување.

Сепак, по обелоденувањето на делови од сведочењето на Слободан Богоевски, си земам за право да дадам кус коментар. Богоевски презентирал редица на неточни информации и прави низа тенденциозни конструкции. Ви благодарам за отстапениот простор, во прилог Ви испраќам копија од поканата за сведочење, се вели во соопштението на Бучковски.

Слично

Поврзани вести