Бучковски: Ние велиме не државата,“Граѓанинот пред се“
Коалицијата за Позитивна Македонија одржа конвенција во Универзалната сала во Скопје. На конвенцијата беа претставени сите кандидати за пратеници од сите изборни единици кои беа предводени од носителите на изборната единица.
На конвенцијата се обрати и проф.д-р Владо Бучковки, еден од основачите на Алијансата за Позитивна Македонија.
-Ние не велиме дека веднаш ќе ја промениме власта. За таа цел се уште немаме сила, но имаме доволно сила и позитивна енергија да го промениме начинот на владеењето. Ние ќе влеземе во парлментот и во идната влада и ќе ја покажеме силата на Позитивна Македонија. Силата на нашата заспана убавица , на оваа наша уморна Македонија. Се измори кутрата цели 23 години. Последниов период слушам „ Државата пред се“, Ние велиме не државата, “ Граѓанинот пред се“, потенцира претседателот на Главниот Одбор на АПМ , проф.д-р Владо Бучковски.
Слично
