БРЗО РЕШЕНИЕ: Турција веќе најде замена за рускиот гас
Откако Русија ги прекина преговорите за изградбата на гасоводот Турски тек, Турција експресно најде замена за руски гас.
Турција вчера потпиша со Катар меморандум за намери, со кој се предвидува увоз на гас
Турските медиуми јавија дека меморандумот е потпишан за време на посетата на турскиот претседател Реџеп Тагип Ердоган на Катар. Ердоган пред посетата на Катар изјави дека Турција нема да биде во безизлезна ситуација ако прекине доставата на гас од Русија.
Русија и Турција ги заострија односите, по соборувањето на рускиот авион. Русија освен што ја прекина изградбата на гасоводот, таа воведе и визи за турците, а и почна да води економска изолациона политика.
Слично
