Брзо и едноставно, со само неколку клика, до приватно семејно здравствено осигурување од Еуролинк
Дигиталната ера ни овозможи дел од обврските да ги решаваме без физичко присуство, со помош на нашите смарт уреди, што ни заштедува голем дел од нашето време, оставајќи ни можност да се посветиме и на другите важни секојдневни обврски.
Еуролинк осигурување за првпат на семејствата во Македонија им нуди решение за онлајн купување полиса за приватно семејно здравствено осигурување – уникатен производ кој овозможува здравствена заштита и лекување на целото семејство во најдобрите и најмодерните приватни здравствени установи во Македонија и во Европа. Целта на Еуролинк е да го доближи дополнителното здравствено осигурување до што поголем број граѓани кои ќе можат самите да одлучат каков вид на здравствени бенефиции ќе си обезбедат. Со комбинирање на нови технологии и експертиза од стручни лица, овозможен е лесен пристап до приватно семејно здравствено осигурување и можност за самостојна процена на здравствена состојба, без потреба од прегледи и чекање.
Процесот на купување е едноставен, во три чекори. Во првиот чекор се обезбедуваат основните лични податоци, во вториот чекор е проценката на здравствената состојба за осигуреникот и семејството, а во третиот чекор е потврдата на осигурувањето и наплатата. Достапна е и телефонска поддршка 24/7 и можност за навремено реагирање во секој дел од денот. Во интернет-продавницата и на веб-страницата на Еуролинк ќе ги најдете сите потребни информации за придобивките од осигурувањето, месечната премија и условите за осигурување.
Приватното семејно здравствено осигурување нуди три различни пакети – Старт, Комфор и Премиум. Во промотивниот период до 15 ноември, граѓаните имаат можност да купат онлајн-полиса за приватно семејното здравствено осигурување со попуст од 5% на основниот пакет.
Посетете ја интернет-продавницата, пополнете прашалник и самите уверете се колку е лесно да обезбедите приватно здравствено осигурување за Вашето семејство: http://www.eurolink.com.mk/eshop_pocetna.asp
