Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРЗИТЕ АНТИГЕНСКИ ТЕСТОВИ НЕ ГО ОТКРИВААТ „СТЕЛТ“ ОМИКРОН: Често може да дадат лажно негативен тест, виролог образложува зошто

БРЗИТЕ АНТИГЕНСКИ ТЕСТОВИ НЕ ГО ОТКРИВААТ „СТЕЛТ“ ОМИКРОН: Често може да дадат лажно негативен тест, виролог образложува зошто

Брзите, антигенски тестови за корона вирусотможе почесто да даваат лажно-негативен резултат ако станува збор за новата подваријанта на корона вирусот, BA.2 или стелт (скриен) омикрон. Вирологот и професорка на Медицинскиот факултет во Белград, проф. Д-р Тања Јовановиќ, рече дека промената во структурата на вирусот која се анализира за да се докаже присуството на антигени предизвикува лажно негативни тестови.

-Пациентите може да бидат негативни на брзиот антигенски тест поради промена на структурата пронајдена во тестовите, заради што е добро потоа да се направи ПЦР тест кој ја задржа својата специфичност“, вели проф. д-р Јовановиќ.

На прашањето дали брзо се очекува подвидот да стане доминантен, професорката нагласува дека  со оглед на тоа што брзо се шири оваа подваријанта многу брзо да достигне висок процент.

-Но не може веднаш да стане доминатна, треба повеќе време да зазема значајна позиција во епидемијата“, вели Јовановиќ.

Според неа нема да се случи нов шести бран на епидемијата, бидејќи стелт омикрон не е нова варијанта на вирусот, туку подваријанта на сојот омикрон.

-Подваријантите се разликуваат по дваесетина мутации и обезбедуваат „вкрстен имунитет“, односно обезбедуваат заштита на луѓето кои веќе биле заразени со оригиналната варијанта на омикрон. Во таа смисла, не очекуваме драматично зголемување на бројот на заразени“,  изјави проф. Јовановиќ за РТС.


Слично

Поврзани вести