Брзи автомобили и малолетници = нова несреќа кај Штип
Вчера Куманово, денес Штип, а утре не дај боже повторно.
Се почести се сообраќајните незгоди во кои учесници се малолетници.
Денеска околу 15 часот кај излезот на градот под Исарот Штип автомобил марка Мерцедес излетал од патот, откако управувачот со возилото изгубил контрола и се превртел во непосредна близина на пругата кај клучката за локалниот пат кон Три Чешми кај Штип.
Возачот поминал со полесни повреди, а другарите кои биле тројца со него се без повреди.
Очевидци велат дека четирите момчиња биле малолетници и кога возилото излетало од патот виделе само облак од прашина.
Од СВР Штип не даваат конкретни информации дали се работи за тинејџери, а ова е ваква втора незгода на ова место овој месец.
Апел до сите родители. Не ризикувајте им го животот на вашите деца, не давајте им го автомобилот ако се малолетници!
