Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бруто заработката на Македонецот 6.467 €

Бруто заработката на Македонецот 6.467 €

Просечната годишна бруто заработка во Македонија во 2014 година била 397.739 денари (6467 евра) објави државниот завод за статистика.

Според пшодатоците на Заводот, просечната бруто заработка на мажите во минатата година била 419.999 денари а на жените 369.711 денари, односно мажите заработиле просечно околу 800 евра повеќе од жените.

Просечната бруто плата на вработен Македонец во октомври била 31.590 денари, каде социјалните доприноси и даноци кои ги уплатил работодавецот изнесуваат 9,93 денари.

Просечната заработка по час во октомври била 174 денати (2,82 евра). Заработката на мажите просечно изнесувала 181 денар, а на жените 166 денари.

Членовите на законодавните и извршни тела, државните функционери, радководителите и државните службеници, дипломатите и директорите имале годишна бруто заработка двојна поголема од просекот со просечна заработка од 799.795 денари во 2014 год.

Најстарите работници биле платени речиси три пати повеќе од најмладите. Гледано по возраст, најниската бруто плата во 2014 добивале вработените на возраст од 15 до 19 години, чиј просек бил 178.734 денари, а највисокиот просек на примања бил кај вработените постари од 60 и повеќе години со просечни бруто примања во минатата година од 469.062 денари.

Слично

Поврзани вести