Брошура ќе не учи дека треба да склучиме договор со туристичките агенции?!
Брошурата за потрошувачите и нивните права при организирани туристички патувања што денеска беше презентирана во Министерството за економија, препорачува секогаш да склучете договор во пишана форма, но исто така треба претходно добро да се запознаете со договорот.
Брошурата, изработена од Министерството за економија и Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) е двојазична на македонски и на албански јазик и може да се најде во турситичките агенции, како и на веб-страниците на Министерството за економија, ОПМ и Стопанската комора за туризам (СКТ).
„Брошурата ќе им ги олесни летувањата и патувањата на туристите од Македонија кои се дел од туристичкие аранжмани што ги нудат туристичките агенции. Во неа се претставени обврските на туристичките агенции, но и правата и обврските на граѓаните кои патуваат“, рече министерот за економија Ваљон Сарачини на денешната прес-конференција.
