Бронхопневмонија – причина за смртта на малата Тамара
Малата Тамара починала од бронхопневмонија (акутно воспаление на респираторните органи) покажал извештајот од извршената обдукција на телото на девојчето.
- Во извештајот од обдукцијата утврдено е дека причината за смртта не е сколиоза, туку бронхопневмонија, односно акутно воспаление на респираторните органи, а утврдено е и присуство на емфизем во белите дробови, се вели во денешното соопштение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Покрај бронхопневмонијата, обдукцијата утврдила и воспаление на крајниците, бронхитис, обструктивен бронхиолитис, реактивно воспаление на регионалните лимфни жлезди.
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека во извештајот од обдукцијата се наведени и неколку детали поврзани со редок синдром кој не бил претходно дијагностициран, и истите ќе бидат предмет на понатамошната истрага во основното јавно обвинителство.
