Економија, финансии, бизнис

Контакт

Брокерската куќа “Еурохаус”, АД Скопје доби јавна опомена од КХВ

Брокерската куќа “Еурохаус”, АД Скопје доби јавна опомена од КХВ

Поради непочитување на Законот за хартии од вредност, брокерската куќа “Еурохаус” и нејзиниот директор добија јавна опомена од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.

Имено при извршена редовна и непосредна контрола врз целокупното работење, Комисијата за хартии од вредност утврдила дека брокерската куќа не извршилa налог на клиент за купување на хартии од вредност во согласност со приоритетот во книгата на налози.

Попрецизно, налогот даден од клиент, брокерската куќа не го внела во Бест системот за тргување, со што не создала можност истиот да се изврши согласно редоследот по кој тој бил примен и запишан во книгата на налози. Според тоа, клиентот на брокерската куќа воопшто и не добил можност неговиот налог да се реализира, со што тој е оштетен.

Со ваквото однесување, “Еурохаус”, АД Скопје извршила повреда на член 122 од Законот за хартии од вредност.

Слично

Поврзани вести