Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРОЈОТ РАСТЕ: Што ги привлекува странските туристи во Македонија?

БРОЈОТ РАСТЕ: Што ги привлекува странските туристи во Македонија?

Последните податоиц на ДЗС бележат раст на бројот на странски туристи кои патувале во Македонија.

Во однос на декември 2014 , во декември 2015 бројот на туристи процентуално е зголемен за 24.4%.

Главниот град бележи најмногу посети на туристите кои најчесто ги посетуваат Водно, Матка, околните манастири, Старата скопска чаршија и слично.

Најчести странски гости во Македонија се оние од соседството.  Најбројни се бугарите, Србите, туристите од Косово и Албанија а тука се и Турците.

Бројот на домашните туристи во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, е зголемен за 33.2%, а  бројот на странските туристи е зголемен за 18.9%. Тие најчесто патувале во Охрид, Дојран и Преспа, а голем е бројот и на оние кои ги посетувале планинските места и центри.

Во периодот јануари-декември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10.9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.5%, а кај странските има зголемување за 14.2%.

Слично

Поврзани вести