„БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ВО МОЕ ВРЕМЕ ПОРАСНА ЗА 183.000“: Груевски со математички пресметки за намалувањето на бројот на вработени
Екс премиерот на Македонија, Никола Груевски, на својот фејсбук профил напиша дека не му е сеедно тоа што бројот на вработени во земјава се намалил за 50 илјади лица.
„еодамна се објави податокот дека бројот на вработени во Македонија за пет години паднал за над 50.000 лица, кога ќе се споредат третиот квартал од 2022 година и третиот квартал од 2017 година, кога актуелната власт само што ја беше превзела власта. Поточно од 743.451 вработено лице бројот паднал на 693.062 лица.
На заминување таа бројка беше веќе околу 743.500 вработени, по сите финасиски, економски, светски, европски и политички кризи зад нас.
Многу труд вложивме. Новоотворените работни места не ни паднаа од небото. Тоа воопшто не е лесна работа. Да беше лесна, ќе ја направеа и пред нас, или после нас“, напиша тој на Фејсбук.
