Економија, финансии, бизнис

Контакт

БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ ВО ИНДУСТРИЈАТА НАМАЛЕН ЗА 3,6 ОТСТО - најголем рез забележан во рударството

БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ ВО ИНДУСТРИЈАТА НАМАЛЕН ЗА 3,6 ОТСТО - најголем рез забележан во рударството

Нов пад кај бројот на работниците во индустријата регистрираше Државниот завод за статистика. 

Според најановите податоци бројот на работници е намален за 3,6 отсто во јануари 2026 во однос на јануари 2025 година.

- Бројот на работниците во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6,2 проценти, во секторот Преработувачка индустрија за 3,6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 проценти - објави ДЗС. 

Од Заводот додават дека според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари  2026 година, во однос на јануари 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2,5 %, Капитални производи за 4,9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,5 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2,7 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1,9 %.


Слично

Поврзани вести