БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ ВО ИНДУСТРИЈАТА СЕ НАМАЛУВА - најголем пад има во рударството и преработувачката
И во октомври продолжи трендот на намалување на бројот на работниците споредено со октомври 2024 година, објави Државниот завод за статистика.
Според нивните податоци, во секторот Рударство и вадење на камен бројот на работници се намалил за 2,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 2,9 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1 отсто.
- Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2,1 отсто, Капитални производи за 5,6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 проценти, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4,6 отсто - се појаснува во соопштението на ДЗС.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, се намалил за 3,6 проценти.
